Достапни линкови

logo-print

Авганистан - убиени милитанти кои им сечеле прсти на гласачите


Дел од мажите на кои им ги отсекле прстите.

Дел од мажите на кои им ги отсекле прстите.

Безбедносните сили во Авганистан соопштија дека убиле двајца талибански милитанти обвинети дека им ги отсекле прстите на 11 постари мажи како казна затоа што гласале на претседателските избори на 14 јуни. Прстите на Авганистанците што гласаа на изборите беа одбележувани со неизбришливо мастило за да се спречи да гласаат повеќе пати. Иако талибанците пред изборите се заканија со одмазди против тие што ќе гласаат, по негативните реакции во јавноста по осакатувањето на старите луѓе, тие издадоа соопштение до јавноста во кое отфрлаат вмешаност во нападот.
XS
SM
MD
LG