Достапни линкови

logo-print

Турција - опозицијата со свој кандидат за Претседател


Две од главните опозициски партии во Турција најавија дека ќе излезат со заеднички кандидат на претседателските избори закажани за во август. Секуларната Републиканска народна партија и десничарската партија Националистичко движење вчера најавија дека се согласила поранешниот шеф на Организацијата за исламска соработка, Екмеледин Исханоглу, да биде нивен заеднички кандидат за претседател. Исханоглу, кој поднесе оставка на чело на Организацијата во декември, соопшти дека ја прифаќа кандидатурата „со благодарност и почит“. Се очекува турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган да се кандидира за претседател, но тој сè уште не ја објавил својата кандидатура. Ова се први избори на кои турските граѓани непосредно ќе го избираат претседателот.
XS
SM
MD
LG