Достапни линкови

Пакистан се справува со милитантите во Северен Вазиристан


Пакистанските воени авиони продолжуваат со воздушните напади на Северен Вазиристан каде се претпоставува дека има скривалишта на милитанти. Владата на 15 јуни започна офанзива во овој племенски регион кој се наоѓа во близина на границата со Авганистан. Пакистанската армија соопшти дека убиле вкупно 187 милитанти во регионот во последниве денови, меѓу кои 105 „узбекистански борци.“ Војската тврди дека офанзивата не се спроведува во населени места. Според извештаите на пакистанскиот сервис на Радио Слободна Европа, повеќе од 50 илјади жители ги напуштиле своите домови во Северен Вазиристан, а 10 илјади се згрижени во новиот бегалски камп во авганистанската покраината Кост.
XS
SM
MD
LG