Достапни линкови

Ахмети очекува СДСМ да се врати во Собранието


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска оствари средба со новоименуваниот британски амбасадор во Македонија Чарлс Гарет. Според соопштението на ДУИ, тие разговарале за политичката ситуација во земјата како и евроатланската интеграција на Македонија.
Ахмети посочил дека Македонија и Грција се блиску до компромис, но дека за да се постигне долгоочекуваното решение, треба да се вклучи активно и меѓународната заедница. Како што се наведува во соопштението, Ахмети очекува СДСМ да се врати во Собранието и да ги презентира своите ставови во законодавниот дом.
XS
SM
MD
LG