Достапни линкови

logo-print

Битола остана без почесните конзулати на Хрватска и на Велика Британија. Го губи ли градот препознатливиот белег како конзулски?

Во градот на конзулите, Битола, за неколку месеци затворени се два конзулата, хрватскиот и британскиот. Според информациите од хрватската амбасада почесниот конзулат е затворен поради економски криза. Се уште не се соопштени причините поради кои престана со работа почесниот конзулат на Велика Британија.
Битола во најславното време имала девет конзулати кои функционирале во исто време. Денес таа приказна е надградена имаме двоцифрен број на конзулати.


Битолскиот градоначалник Владимир Талески вели дека со ова градот не го губи препознатливиот белег како конзулски.
Битола.

Битола.


„Во 2005 година кога дојдовме како локална самоуправа имаше само четири конзулати. До денес се околу 13. Точно е дека хрватскиот, мислам дека е преместен, почесниот конзулат на Велика Британија е затворен. Но, затоа се појавуваат нови. Па, бројката околу 12-13 е и денес. Ќе има и нови конзулати, иако тие официјално веќе постојат, сепак е потребна писмена потврда од странските земји“, вели Талески.

Во последно време со работа започнаа босанскиот и австрискиот конзулат, а за скоро се очекува свое конзуларно преставништво да отвори уште една соседна земја.

„Без разлика колку конзулати се отворени оваа сезона или затворени еден или два, во секој случај генералната слика е следната: Битола во најславното време имала девет конзулати кои функционирале во исто време. Денес таа приказна е надградена имаме двоцифрен број на конзулати. Оваа бројка и понатаму ќе се зголемува и наследената приказна од повеќе генерации наназад за конзулска Битола ја продолжуваме“, додава Талески.

Битолскиот хроничар Александар Стерјовски, кој ја истражувал битолската конзулска историја, за денешницата вели:

„Јас ги гледам почесните конзули од два аспекта. Едни кои ни донесоа слика роматична како град на конзули, а од друга страна други потврдија дека се потребни и дека треба да опстојат и работат на она поле за кое се задолжени да работат.“
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG