Достапни линкови

logo-print

САД и Иран ќе разговараат за кризата во Ирак?


Милитантите во Ирак

Милитантите во Ирак

САД можеби ќе го покренат прашањето за кризата во Ирак на маргините на нуклеарните преговори меѓу Иран и светските сили кои ќе се одржат во Виена во текот на оваа недела, соопшти неименуван официјален претставник на американските власти. Според него, таквите разговори нема да бидат поврзани со нуклеарните преговори кои се со цел да се постигне договор за иранската нуклеарна програма. Западните медиуми претходно јавија дека САД наводно размислуваат да разговараат со Иран за кризата во Ирак.
XS
SM
MD
LG