Достапни линкови

logo-print

Бомбашки напади во Алепо, загинаа 20 лица


Сириски активисти соопштија дека 20 лица, меѓу кои и деца загинале во бомбашки напади извршени од владините сили во опозициски населби во Алепо. Според нив, во воздушните напади во Алепо од јануари до сега загинале најмалку 2000 луѓе. Најголемиот сириски град е поделен на неколку реони во кои контролата ја имаат опозициските или владините сили, а околу 160 илјади лица загинаа од почетокот на немирите во земјата против режимот на претседателот Башар ал Асад.
XS
SM
MD
LG