Достапни линкови

Шумахер веќе не е во кома и ја напуштил болницата во Гренобл


Екс светскиот шампион во Формула еден, Михаел Шумахер не е веќе во кома и ја напуштил болницата во Гренобл, Франција, каде што се лекуваше, соопшти денеска неговата портпаролка. Шумахер, во декември минатата година, при пад на скијање во Франција, имаше тешка повреда на главата и од тогаш беше во кома во болницата во Гренобл. Според соопштението од неговата портпаролка Сабина Кем, Шумахер сега започнува долг процес на рехабилитација, но не е прецизирано каде.
XS
SM
MD
LG