Достапни линкови

Сарказмот на Груевски може да ја угуши демократијата


23. годишна конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Сашо Стефановски, Владимир Нелоски, Никола Груевски, Илија Димовски.
23. годишна конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Сашо Стефановски, Владимир Нелоски, Никола Груевски, Илија Димовски.

Ако тој навистина мисли дека во Македонија има демократија и дека опозицијата претерува и дека на тој начин тој се обидува да се шегува или да продава некаков сарказам, тогаш ние сме во уште поголем проблем, отколку што мислиме дека сме. Тоа покажува дека всушност премиерот може уште повеќе да ја угуши демократијата во Македонија, вели поранешниот политичар со долгогодишно искуство Петар Гошев.

Груевски одговори на квалификациите дека во земјава владее диктатура, но според дел познавачи, на саркастичен и ирочинен начин кој има за цел да ја омаловажи опозицијата.
Ако тој навистина мисли дека во Македонија има демократија и дека опозицијата претерува и дека на тој начин тој се обидува да се шегува или да продава некаков сарказам, тогаш ние сме во уште поголем проблем, отколку што мислиме дека сме.
Петар Гошев, искусен политичар.


Тој во обраќањето пред партискиот подмладок рече дека ако немало диктатурата Заев би можел да вози вселенски брод и директно од Струмица да одел на Месечината, а Рада, како што ја именуваше потпретседателката на СДСМ, со авион ќе одела по тениски турнири и станот ќе го издавала за 10 илјади евра кирија.


Едно прашање е нивото на политичката култура кај власта и опозицијата во меѓусебната комуникација, вели поранешниот политичар со долгогодишно искуство Петар Гошев, кој оценува дека многу посериозно прашање било како Груевски ја разбирал демократијата во Македонија.
Кај нас говорите се обично погруби, се персонализираат, сарказмот не е толку карактеристичен, но во компарација со вулгарно говорење, ова е сепак некоја помека верзија.
Алберт Муслиу, политички аналитичар.


„Ако тој навистина мисли дека во Македонија има демократија и дека опозицијата претерува и дека на тој начин тој се обидува да се шегува или да продава некаков сарказам, тогаш ние сме во уште поголем проблем, отколку што мислиме дека сме. Тоа покажува дека всушност премиерот може уште повеќе да ја угуши демократијата во Македонија. Тие прикаски за тоа кој колку има, не се релевантни за тоа дали има демократија или нема демократија“, вели Гошев.

Тој смета и дека во таквиот говор немало битка на аргументи, туку целта била само да се намали рејтингот на опозицијата.

„Тука има напад врз субјектот како постоечки, едноставно прашањето е зошто постои, а не како тој работи и што нуди како алтернатива за решавање на општественте проблеми во државата“, оценува Гошев.

Аналитичарот Алберт Муслиу, пак, вели дека во Македонија имало и погруби политички говори, но дека саркастични, како овој на премиерот немало често. Тој додава и дека таквиот тип на обраќања не се непознати и за светските политичари.

„Со таков говор кон политичкиот опонент се настојуваат две работи: прво да се подигне ентузијазмот, моралот кај својата политичка групација, а од друга страна секако да се наметне разочарување или некоја деморализираност кај опонентот. Кај нас говорите се обично погруби, се персонализираат, сарказмот не е толку карактеристичен, но во компарација со вулгарно говорење, ова е сепак некоја помека верзија“, вели Муслиу.

Инаку Груевски пред младината и понуди на опозицијата и помош. Имено тој рече и дека Заев и Шеќеринска ја киднапирале СДСМ и целосно ја заплеткале состојбата и дека ВМРО-ДПМНЕ сега ќе морале да ја отплеткаат бидејќи им требале како опозиција.
  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG