Достапни линкови

Милитантите во Ирак освоиле уште еден град


Милитантите на Исламската држава Ирак и Левант прогласија денеска дека го освоиле и градот Тал Афар во северен Ирак, а од пред неколку дена ги држат под контрола Мосул и Тикрит. Милитантите објавија и дека егзекутирале 1700 шиитски регрути во Тикрит, а објавија и фотографии на убиени. Американскиот Стејт департмент ги осуди овие ужасни убиства. Во меѓувреме, некои западни медиуми, повикувајки се на американски претставници, јавија дека Вашингтон размислува за соработка со Иран против милитантите во Ирак. Иран изрази готовност да му помогне на Ирак, доколку тоа го побара Багдад.
XS
SM
MD
LG