Достапни линкови

Расмусен бара ослободување на турските дипломати, заробени во Мосул


Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, повика денеска на итно ослободување на турскиот дипломатски и безбедносен персонал, заробен од страна на милитантите во ирачкиот град Мосул. Бараме тие веднаш да бидат ослободени, изјави Расмусен во Анкара по состанокот со турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу.
XS
SM
MD
LG