Достапни линкови

Русија ја прекина испораката на гас за Украина


Русија соопшти дека ја ограничува испорката на гас за Украина, бидејки денеска истече рокот кој Москва му го постави на Киев за исплата на досегашните долгови. Засега, снабдувањето со руски гас за Европа не би требало да биде доведено во прашање. Портпарол на Газпром изјави дека поради тоа што Украина не платила ништо, веќе не може да добива гас, а Киев има обврска да овозможи протекување на гасот низ нејзина територија за потрошувачите во Европа.
XS
SM
MD
LG