Достапни линкови

logo-print

Пакистанските сили во масовна акција против милитантите


Пакистански борбени авиони ги продолжиле дејствувањата против милитантите во регонот на северен Вазиристан, а според владини претставници, биле убиени 20-тина милитанти. Пакистан вчера испрати војници, артилерија и хеликоптери во тој регион да учествуваат во акцијата за која се смета дека е одговор на нападот на милитантите врз аеродромот во Карачи пред една недела. ПОради борбите, околу 50 илјади луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови.
XS
SM
MD
LG