Достапни линкови

Можна соработка меѓу САД и Иран против терористите во Ирак


Вашингтон размислува да разговара со Иран за соработка против организацијата Исламска држава Ирак и Левант, која ја презеде контролата врз големи делови од територијата на западен и северен Ирак и напредува кон Багдад, велат високи американски претставници. Вол Стрит Џурнал вчера објави дека разговорите меѓу Вашингтон и Техеран за безбедноста во Ирак се очекува да почнат оваа недела.

Иран соопшти дека ќе помогне во борбата против милитантите, само ако Багдад тоа го побара.

Претходно, американскиот сенатор Линдзи Греам изјави дека на САД им треба иранската вклученост во Ирак и оти Вашингтон треба да почне разговори со Техеран. Тоа, според него, е непопуларен, но можеби неизбежен чекор. Греам, републиканец од Северна Каролина, за американските медиуми вчера зборуваше за потребата од вклучување на Иран за да се спречи ирачката влада да биде соборена од милитантите од Исламската држава Ирак и Левант.

„Веројатно ќе ни треба нивна[иранска] помош за да се задржи Багдад“, рече Греам и додаде дека „Иранците имаат интерес. Има шиитско население што треба да го заштитат“.

Греам исто така го повика ирачкиот премиер Нури ал-Малики да си поднесе оставка.

Исламската држава Ирак и Левант е организација што се одвои од Ал Каеда и којашто ја презеде контролата врз големи делови од територијата во северен и западен Ирак, вклучувајќи ги и градовите Мосул и Тикрит.
XS
SM
MD
LG