Достапни линкови

Сè уште без договор за гасот меѓу Русија и Украина


Украинската влада и руски Газпром ноќеска сè уште преговараа во обид да го избегнат прекинот на испорака на руски гас за Украина најавен за во текот на денот. Газпром во раните утрински часови потврди дека разговорите во Киев, под посредништво на ЕУ, не довеле до решение на спорот за цените на неколку часа пред истекот на крајниот рок за договор што го постави Москва. Рускиот претседател Владимир Путин се закани дека на 16 јуни ќе ја прекине испораката на гас за Украина, ако Киев не го плати долгот од скоро 2 милијарди долари до 8 часот утринава. Киев вели дека ќе го плати долгот, ако Русија во наредните 18 месеци ја намали цената на гасот од 485,5 на 326 долари за илјада кубни метри. Путин рече дека неговата последна понуда е 385 долари за илјада метри кубни. Прекинот на испораката на гас за Украина ќе доведе и до прекин на испораката на руски гас за ЕУ преку гасоводите што поминуваат низ Украина.
XS
SM
MD
LG