Достапни линкови

logo-print

Вашингтон го осуди „страшниот“ масакр од милитантите во Ирак


Вашингтон го осуди, како што оцени, „страшниот“ масакр од милитантите во Ирак кои соопштија дека убиле најмалку 1.700 шиитски војници во градот Тикрит во северен Ирак. Портпаролката на американскиот Стејт департмент, Џен Псаки, вчера соопшти дека „тврдењето на Исламската држава Ирак и Левант дека масакрирале 1.700 ирачки шиити, воздухопловни регрути во Тикрит, е страшно и е вистински приказ на крволочноста што овие терористи ја претставуваат“.

Исламската држава Ирак и Левант е организација што се одвои од Ал Каеда и којашто ја презеде контролата врз големи делови од територијата во северен и западен Ирак, вклучувајќи ги и градовите Мосул и Тикрит.

Милитантите на интернет поставија фотографии за да ги докажат тврдењата за масакрот. Портпаролот на ирачката армија, генерал-полковник Касим ал-Мусави, изјави дека смета оти фотографиите се автентични.
XS
SM
MD
LG