Достапни линкови

logo-print

Молдавскиот премиер во посета на Париз


Молдавскиот премиер Јурие Леанца.

Молдавскиот премиер Јурие Леанца.

Молдавскиот премиер Јурие Леанца денеска го посетува Париз во обид Кишињев да изгради поблиски односи со Европа, и покрај потезите на Москва во насока на задржување на земјата во руската сфера на влијание. Во меѓувреме, молдавското Министерство за надворешни работи и европски интеграции денеска ги почнува консултациите со граѓанските организации во Кишињев во врска со плановите на земјата овој месец да го потпише Договорот за асоцијација овој месец. Молдавија и Грузија планираат да го потпишат договорот за поблиски трговски и политички врски со ЕУ на 27 јуни во Брисел. Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, се обиде да ја ублажи загриженоста на Москва од потпишувањето на договорот. При неговата неодамнешна посета на Кишињев, тој рече дека договорот не претставува закана за Русија.
XS
SM
MD
LG