Достапни линкови

Владејачката коалиција во Грузија прогласи победа на локалните избори


Грузискиот премиер Иракли Гарибашвили прогласи победа на владејачката коалиција Грузиски сон на локалните избори во земјата. Тој рече дека кандидатот на коалицијата за градоначалник на Тбилиси, Давид Нарманиа, победил во првиот круг од изборите што се одржа вчера. На прес-конференција во партиското седиште во Тбилиси, Гарибашвили рече дека неговата коалиција победила во сите региони во земјата. Сепак, опозициската партија Обединето национално движење тврди дека резултатите се поинакви и оти има потреба од втор круг за избори на градоначалник на главниот град на Грузија.
XS
SM
MD
LG