Достапни линкови

Македонските ракометари ја поразија Грција


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Со две победи во баражот против Грција, ракометната репрезентацијата на Македонија обезбеди пласман на Светското првенство што во 2015 година ќе се одржи во Катар. Македонија вчера во Скопје ја порази Грција со 35:23, а претходно во Атина победи со 27:25. Капитенот Кире Лазаров со 10 погодоци беше најефикасен во македонската репрезентација. Од европската зона учество на Мундијалот 2015, покрај Македонија, обезбедија и репрезентациите на Австрија, Русија, Чешка, Полска, Шведска, Белорусија, Словенија и БиХ.
XS
SM
MD
LG