Достапни линкови

Босна го почна Светското со пораз од Аргентина


Аргентина синоќа ја победи Босна и Херцеговина со 2-1 во првиот натпревар на едно светско првенство што го одигра оваа балканска држава. Аргентина поведе во третата минута со голот на Колашинац. Аргентинската ѕвезда Лионел Меси во 65 минута постигна гол за 2-0, а конечниот резултат го постави Ведат Ибишевиќ на пет минути пред крајот на натпреварот.

Претходно, Швајцарија го совлада Еквадор со 2-1, а Франција беше подобра од Хондурас со 3-0.

Со гол постигнат во судиското надополнување, репрезентацијата на Швајцарија го совлада Еквадор, иако на полувремето имаше негативен резултат. Еквадорците поведоа со погодокот на Енер Валенсија во 22 минута, Адмир Мехмеди изедначи во 48-та, а голот вреден три бодови за Швајцарците беше дело на Харис Сеферовиќ во судиското продолжение.

За Франција, Карим Бензема од пенал во 43 минута го отвори резултатот, голманот на Хондурас Валадарес со ефектен автогол и донесе водство на Франција од 2:0 на почетокот на второто полувреме, а конечните 3:0 ги постави Бензема со својот втор гол во 72 минута.
XS
SM
MD
LG