Достапни линкови

ВМРО ДПМНЕ го прослави роденденот



Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски денеска истакна дека најголемиот успех на партијата во овие 24 години е што остана нераскинлив дел од народот, кој е нејзина најголема сила, и оти ВМРО-ДПМНЕ има план како да ја развива Македонија и да ја направи економски посилна. Груевски денеска имаше обраќање пред своите сопартијци на приемот по повод 24-годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ. Во Музејот на современа уметност на скопското Кале присуствуваа членовите на највисокото раководство на партијата, министри, сегашни и поранешни пратеници, ветерани и основачи на партијата, членови на УМС, претставници на дипломатскиот кор.
XS
SM
MD
LG