Достапни линкови

Во Сараево еуфорија пред натпреварот со Аргентина



Од раните утрински часови владее еуфорија и нервоза пред историскиот натпревар на Босна и Херцеговина со Аргентина на Светското фудбалско првенство што се игра денеска, на полноќ, на познатата Маракана. Властите дозволија продолжена работа на угостителските објекти за време на мундијалот, па се очекува голем број граѓани да го следат натпреварот во ваква атмосфера.Централното јавно гледање на натпреварот ќе биде организирано во Змаевото гнездо кое е наменски направено во центарот на градот, а кое може да прими голем број гледачи.Селекторот на фудбалската репрезентација Сафет Сушиќ даде изјава дека Аргентина е апсолутен фаворит, но оти неговите играчи ќе направат се да подготват изнедадување и оти играчите ќе го дадат својот максимум.
XS
SM
MD
LG