Достапни линкови

logo-print

Авганистан - Во експлозија на автобус загинаа 11 лица


Во експлозија на бомба покрај минибус кој превезувал вработени од Авганистанската изборна комисија синоќа загинале десет возрасни лица и едно дете .Полицијата соопшти дека четворица од убиените се од Изборната комисија а другите шестмина биле набљудувачи на изборите. Инцидентот се случил непосредно по затворањето на гласачките кутии на вториот круг од претседателските избори, на кои Авганистанците бираа меѓу поранешниот министер за надворешни работи, Абдула Абдула и Ашраф Гани, поранешен министер за финансии.
XS
SM
MD
LG