Достапни линкови

logo-print

Екстерно тестирање- просечна оценка 3,67



Резултатите од екстерното тестирање на сите осмоодделенци се истакнати денеска по 12 часот во сите основни училишта, а за останатите ученици во следните неколку денови. Просечната оценка на постигнувањето на осмоодделенците е 3,67. Во однос на минатата година, кога просекот изнесуваше 3,53, оваа година резултатите се повисоки за 0,14 процентни поени. - Секој ученик ќе може да ги погледне оценките кои ги добил по предметите по кои бил тестиран и најдоцна во рок од три работни денови, практично од понеделник до среда доколку смета дека е потребно, ќе има можност да поднесе приговор до училишната комисија која ќе го проследи до Државниот испитен центар во чија надлежност е носењето на конечната одлука. Министерот за образование во заминување Спиро Ристовски на денешната пресс конференција рече дека очекувал поголемо зголемување на просечната оценка на на осмоодделенците.
XS
SM
MD
LG