Достапни линкови

logo-print

Иванов поддржува иницијативи за градење меѓусебна доверба со Бугарија


Претседателот Ѓорге Иванов останува целосно ангажиран за реализација на иницијативите разменети меѓу него и бугарскиот претседател Росен Плевнелиев, велат од неговиот Кабинет во врска со последните написи во медиумите во Бугарија за предлогот за заедничко чествување на Илинден.

Неодамна двајцата претседатели разменија писма со иницијативи за градење на позитивна атмосфера на доверба и соработка. Иницијативите се однесуваа на трансформирање на Декларацијата од 1999-та во Договор за добрососедство и соработка, и нејзино потпишување, на заедничко чествување на настани од минатото, заеднички настап за реализација на проекти од Коридор 8, наведуваат од Кабинетот на Иванов.

Првиот таков настан во кој беа вклучени амбасадорите на двете земји се случи на чествувањето на Св. Кирил во Рим. Овој позитивен пример, како што наведуваат, ја отвора можноста на таков начин да се чествуваат и други настани од минатото, кои ќе придонесат за зголемување на довербата меѓу двете држави.
XS
SM
MD
LG