Достапни линкови

Во четврток избор на новата Влада


На 19 јуни, во четврток Собранието на Република Македонија ќе го избира новиот состав, кога премиерот Никола Груевски се очекува да ја образложи владината платформа.

Според досегашните информации за министер за одбрана премиерот го предложи досегашниот амбасадор Зоран Јолевски, за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, за правда Аднан Јашари, за надворешни работи Никола Попоски, за финансии Зоран Ставрески, за економија Беким Незири, за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, за здравство Никола Тодоров, за образование и наука Абдилаќим Адеми, за труд и социјална политика Диме Спасов, за локална самоуправа Љиримк Шабани, за култура Елизабета Канческа Милевска, за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, за транспорт и врски Миле Јанакиевски и за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири.

Во среда е планирано да се одржи четвртата седница на Собранието на која ќе се гласа за нови измени во законот за пратеници, а на дневен ред е и Предлог-одлуката за објавување јавен конкурс за избор на член на Комисијата за заштита на правото од слободен пристап до информации од јавен карактер.
XS
SM
MD
LG