Достапни линкови

logo-print

Киев-Не е постигнат договор за рускиот гас


Разговорите околу спорот за гас со Украина завршија без никаков напредок, изјави изутрината во Киев портпаролот на рускиот Гаспром Сергеј Купријанов.
Претходно, министерот за енергетика на Украина Јуриј Продан изјави дека денеска треба да продолжат преговорите кои имаат за цел спречување на можноста Русија да престане на Украина да и испорачува гас. Москва се заканува дека ќе ги намали испораките за Украина ако Киев до понеделник не го плати долгот кој изнесува 1,95 милијарди долари. Таквата одлука на Гаспром би можело да загрози и голем број земји членки на ЕУ кои со гас се снабдуваат преку Украина.
XS
SM
MD
LG