Достапни линкови

Времето денеска-претпладне сончево,попладне со пороен дожд



Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со појава на град и електрични празнења, особено во југоисточните делови.Температурата ќе се движи од 20 до 28 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурата ќе се движи до 28 степени Целзиусови.

Во почетокот на следната седмица во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
XS
SM
MD
LG