Достапни линкови

Стечајците со стари барања до новата Влада


Судири меѓу полицијата и стечајните работници на протестот пред владата во Скопје. 18 февруари 2014

Судири меѓу полицијата и стечајните работници на протестот пред владата во Скопје. 18 февруари 2014

Околу шест илјади стечајци од новата Влада очекуваат конечно да се надмине нивниот проблем со обесштетување, вели Љиљана Ѓорѓиевска од Здружението УНИТ.

Околу шест илјади стечајци во државава од новата Влада очекуваат конечно да се надмине нивниот проблем со обесштетување, вели Љиљана Ѓорѓиевска од Здружението УНИТ за Куманово, Липково и Старо Нагоричино. Оваа категорија граѓани според неа, кои без егзистенција останале не по своја вина, како и што не се виновни што нивните фирми биле трансферирани во акционерски друштва, од кои ниту еднаш не добиле ниту акции, ниту дивиденда, ќе се обидат уште еднаш да разговараат со надлежните. Доколку нивното барање за обесштетување биде усвоено, ќе бидат благодарни.
Доколку не се усвојат нашите барања, ќе ги интензивираме протестите и ќе поставиме шатори пред владата што е и наше уставно право. Ќе бидеме таму се додека не ги оствариме нашите права, зашто оваа држава не може за едни да е мајка, за други маќеа.


„Доколку не се усвојат нашите барања, ќе ги интензивираме протестите и ќе поставиме шатори пред владата што е и наше уставно право. Ќе бидеме таму се додека не ги оствариме нашите права, зашто оваа држава не може за едни да е мајка, за други маќеа. Како социјална држава треба подеднакво да се однесува кон сите граѓани. Бараме нашиот Предлог-Закон да се усвои и да на над 90 отсто од стечајците да заврши агонијата,а не парцијално да се обесштетуваат стечајците. Да не не делат на подобни и неподобни, зашто веќе вторпат не делат“, вели Ѓорѓиевска.

Таа појаснува дека најлесно на владеачката партија и на пратениците од мнозинството е стечајците да ги сметаат дека се нечии, односно блиски до опозицијата.
А јас можам пред премиерот да се потпишам дека доколку ги обесштети стечајците никогаш повеќе ниту ќе го слушне името на Љиљана Ѓорѓиевска, ниту пак ќе ме види на улица.

„Стечајците се свои. Секоја подадена рака ни е добредојдена. СДСМ и опозицијата пет пати поднесуваа предлог-Закон. Нека тие го усвојат законот па тогаш ќе сфатат дека не сме ничии. Мојата поврзаност со СДСМ, никогаш не сум била член на СДСМ, ниту имам намера да станам. Уште сум член на ВМРО-ДПМНЕ, само што јас не се сложувам со социјалната политика на мојата партија. Не можам да се сложам со поделби, разделби помеѓу народот и стечајците, е нешто по што не ја препознавам мојата партија. “

Таа додава дека во изминатиот период стечајците не само што се маргинализирани и што преживуваат сопствена агонија, туку претрпеле и бројни понижувања.

„Можам да им порачам на премиерот и министерката Јанкулоска да не пуштаат агитатори меѓу полицајците кои ме понижуваат дека земам пари од СДСМ. Одговорно тврдам дека немам ништо со тоа. А јас можам пред премиерот да се потпишам дека доколку ги обесштети стечајците никогаш повеќе ниту ќе го слушне името на Љиљана Ѓорѓиевска, ниту пак ќе ме види на улица.“

Единственото барање на стечајците е да добиваат месечен надоместок од околу шест илјади денари до пензионирање или ново вработување. Со тој надоместок тие би можеле да ги подмируваат основните потреби неопходни за живот, иако меѓу нив има родители на ученици и студенти, како и поголемиот дел со сериозно нарушено здравје.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG