Достапни линкови

logo-print

Груевски - на опозицијата и подавам рака да излезе од кашата


Jас сум подготвен на опозицијата да и подадам рака да излезе од оваа каша,изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ на денешниот состанок на Унијата на млади сили на партијата. Подготвен сум да понудам пакет решенија, но барам да престанат со деструктивно однесување кон државата. Подавам рака, но СДСМ мора да се однесува одговорно, а одговорно, како и досега, ќе се однесуваме и ние. Проблемот е сепак, што тие не ни признаваат кристално чиста изборна победа, изјави Груевски.
Тој смета дека Заев и Шеќеринска ја киднапирале СДСМ и целосно ја заплеткале состојбата, само поради своите лични интереси, поради својот пораз.
„Што да се прави. Ние ќе мора да ги отплеткаме. Нема друго. Какви такви, ни требаат како опозиција“, рече тој пред присутните членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
XS
SM
MD
LG