Достапни линкови

logo-print

Јосиповиќ: Случајот ИНА е велепредавство


Претседателот на Хрватска Иво Јосиповиќ денека, откако пресудата за поранешниот премиер Иво Санадер во случајот Ина стана правосилна, изјави дека „целата приказна може да се оквалификува како – велепредавство“.Санадер беше обвинет дека примил мито од 10 милиони евра за да може унгарски МОЛ да има поголеми управувачки права во Ина.

– Се работи за велепредавство бидејќи националните интереси се занемарени и продадени, и тоа не можеше да мине без судска пресуда, нагласи Јосиповиќ. Додаде дека поддржува хрватската Влада со преговори да се реши прашањето за односите меѓу Ина и МОЛ и да се санираат последиците од незаконското работење.Врховниот суд вчера донесе правосилна пресуда против Санадер заради воено профитерство во случајот Хипо и примање мито од унгарски МОЛ, со намалување на затворската казна од 10 на 8,5 години.
XS
SM
MD
LG