Достапни линкови

logo-print

Ал-Малики -волонтери ќе и помагаат на ирачката армија


Ирачкиот премиер Нури ал-Малики денеска пред армиските офицери во Самара изјави дека волонтери ќе и помагаат на ирачката армија да ги порази исламистичките милитанти, кои се на пат кон ирачкиот главен град Багдад.
Во меѓувреме, иранскиот претседател Хасан Рохани рече дека неговата влада е подготвена да се разгледа соработката со САД во помагање на Багдад во борбата против исламистичките милитанти кои оваа недела ја презеде контролата во повеќе градови во северен Ирак. "Ако можеме да видиме дека САД преземаат мерки против терористичките групи во Ирак, тогаш може да се размислува за тоа", изјави Рохани.
XS
SM
MD
LG