Достапни линкови

Владата на оглас бара директори


Владата распиша оглас за ангажирање на 379 лица за раководни позиции во државната управа и за членови во управните и надзорните одбори.

Огласот се однесува за 159 раководни позиции во државната управа меѓу кои пет амабасадорски места, осум воени аташеа, 15 позиции на државни секретари во министерствата, над 20 директорски места на централни и државни органи, како и дваесетина позиции на директори на научни установи. Покрај ова распишан е и оглас за над 220 членови на управни и надзорни одбори во државни агенции, јавни претпријатија, клиники и тн.

Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев денеска на прес-конференција иформираше дека огласот е веќе објавен во дневните весници и ќе трае до 30 јуни.Огласот се однесува за позиции кои веќе се испразнети и за места чиј мандат на сегашните раководни лица истекува во текот на годинава или на следните две години.
XS
SM
MD
LG