Достапни линкови

logo-print

На граничниот премин Богородица се чека и по еден час


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.На граничниот премин Богородица за излез од Македонија се чека околу еден час, а на останатите гранични премини нема подолготрајни задржувања за влез и излез од Македонија.
АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, како што се патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
XS
SM
MD
LG