Достапни линкови

Киев – Москва прелиминарно се согласи за продолжување на преговорите за гасот


Русија даде прелиминарна согласност за продолжување на преговорите за гасот со Украина денеска во Киев,изјави украинскиот мнистер за енергетика Јириј Продан. Се надеваме дека преговорите ќе продолжат денеска во Киев.Руската страна прелиминарно се согласи да учествува,рече Продан.

Еврокомесарот за енергетика Гинтер Етингер вчера во Луксембург не ја исклучи можноста преговорите меѓу Европската унија, Русија и Украина за гасот да продолжат утре. Овие преговори за проблемот со украинскиот долг беа прекинати во средата кога Украина ја отфрли руската понуда за мало намалување на цената. Москва се закани дека ќе ја прекине испораката на гас за Киев што би можело да донесе проблеми и за голем број членки на Европската унија кои се снабдуваат со руски гас преку Украина .
XS
SM
MD
LG