Достапни линкови

logo-print

Експлозиите не ги попречија претседателските избори во Авганистан


Гласачите денеска во голем број излегоа на избирачките места во Кабул на вториот круг од претседателските избори, и покрај извештаите за три експлозии во северниот дел на Кабул и една во западниот дел. Министерството за внатрешни работи потврди дека најмалку една ракета паднала јужно од меѓународниот аеродром во Кабул и оти имало експлозијата во западниот дел на Кабул, непосредно пред почетокот на гласањето во Авганистан. Министерството соопшти дека нема жртви и дека експлозиите не ја прекинале работата на изборните органи. Талибанците претходно се заканија со напади, предупредувајќи дека Авганистанците треба да останат далеку од избирачките места Авганистанците бираат меѓу поранешниот министер за надворешни работи, Абдула Абдула и поранешниот министер за финансии Ашраф Гани .
XS
SM
MD
LG