Достапни линкови

logo-print

Луганск – Сепартистите собориле украински авион, 49 загинати


Руските сепаратистички борци во регионот Луганск во источна Украина собориле армиски транспортен авион при што убиле 49 војници кои биле во него. Министерството за одбрана на Украина соопшти дека транспортниот авион ИЛ-76 бил соборен при обид да слета на аеродромот во Луганск во текот на ноќта. Нападот се случи неколку часови откако Вашингтон соопшти дека може да ги потврди тврдењата на Киев оти Русија почнала да испраќа тешка воена опрема за про- руските сепаратисти во источна Украина,вклучувајќи тенкови и ракетни лансери.
XS
SM
MD
LG