Достапни линкови

Времето денеска - претпладне сончево,попладне облачно


Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, a попладне облачноста ќе се зголеми и ќе биде нестабилно со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, понекаде и во форма на невреме со изолирана појава на град.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 18, а дневната од 26 до 33 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно со појава на пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер, а можна е и појава на град. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 30 степени.
XS
SM
MD
LG