Достапни линкови

Групни егзекуции во Мосул


Портпаролот за човекови права на Обединетите Нации, Руперт Колвил изјави дека стотици луѓе биле убиени откако милитантите, поврзани со Ал Каеда, го освоија ирачкиот град Мосул. На прес конференција во Женева, Колвил изјави дека има извештаи за масовни егзекуции на војници на ирачката армија, кои биле заробени во Мосул. Меѓународната организација за миграција, во меѓувреме соопшти дека околу 40 илјади луѓе ги напуштиле градовите Тикрит и Самара, а 500 илјади пред неколку дена го напуштија Мосул.
XS
SM
MD
LG