Достапни линкови

Ирачките шиити повикани да се вооружат


Ирачкиот шиитски врховен верски лидер ајатолах Али ал Систани денеска ги повика следбениците да земат оружје откако сунитски милитанти на Исламската држава Ирак и Левант, група која се одвои од Ал Каеда ги освоија два важни ирачки градови Мосул и Тикрит. „Секој кој сака да се жртвува во одбрана на неговата земја и неговото семесјтво ќе биде прогласен за маченик“, изјави тој за време на петочната молитва. Милитантите соопштија дека имаат намера за го заземат главниот град Багдад кој веќе се подготвувал на одбрана. Комесрот за човекови права на Обединетите нации Нави Пилај изрази крајна загриженост портади влошената ситуација во Ирак.
XS
SM
MD
LG