Достапни линкови

Утре преговори за рускиот гас за Украина?


Еврокомесарот за енергетика Гинтер Етингер

Еврокомесарот за енергетика Гинтер Етингер

Еврокомесарот за енергетика Гинтер Етингер денеска во Луксембург не ја исклучи можноста преговорите меѓу Европската унија, Русија и Украина за гасот да продолжат утре. Овие преговори за проблемот со украинскиот долг беа прекинати во средата кога Украина ја отфрли руската понуда за мало намалување на цената. Москва се закани дека ќе ја прекине испораката на гас за Киев што би можело да донесе проблеми и за голем број членки на Европската унија кои се снабдуваат со руски гас преку Украина.
XS
SM
MD
LG