Достапни линкови

logo-print

Бугарската влада преживеа уште едно гласање за доверба


Пламен Орешарски

Пламен Орешарски

Бугарскиот парламент денеска и изгласа доверба на коалициската влада на левиот центар на премиерот Пламен Орешарски. Но, и покрај тоа владата во следните денови ќе поднесе оставка, бидејќи двете партии во владејачката коалиција се согласија на предвремени избори по лошите резултати на европските избори. Тоа беше петти пат да се гласа за доверба на владата, која пред една година доби четиригодишен мандат. Опозицијата бараше да и се изгласа недоверба поради владината фискална политика.
XS
SM
MD
LG