Достапни линкови

ОН повикаа на национален дијалог во Ирак


Нури ал Малики

Нури ал Малики

Советот за безбедност на Обединетите нации повика на, како што се наведува, инклузивен национален дијалог во Ирак, но не препорача никаква акција против исламските милитанти. До седницата на Советот дојде откако оваа недела припадници на Исламската држава Ирак и Левант, отцепено крило на Ал каеда, освоија два клучни града во Ирак. Американскиот претседател Барак Обама побара од шиитските и сунитските муслимани да ги премостат нивните разлики. Ирачкиот парламент вчера ја одложи итната седница побарана од шиитскиот премиер Нури ал Малики за воведување вонредна состојба со која ќе му се дадат поголеми права. Пратениците на курдите и на сунитите ја бојкотираа седницата.
XS
SM
MD
LG