Достапни линкови

Ем далеку, ем никогаш поблиску до решение за името


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Од ДУИ и од ВМРО-ДПМНЕ доаѓаат изјави дека никогаш не сме биле поблиску до компромис за името и дека освен двете страни мора да имаме и трета сериозно заинтересирана страна која ќе сака да се вклучи во спорот.

За некои се декларативни, а за други се знак дека постои приближување на ставовите кај двата коалициони партнери во врска со спорот за името, откако во краток временски интервал слушаме изјави од ДУИ и од ВМРО-ДПМНЕ дека никогаш не сме биле поблиску до компромис за името и дека освен двете страни мора да имаме и трета сериозно заинтересирана страна која ќе сака да се вклучи во спорот.
Така што сум оптимист дека во тие односи на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е дојдено до напредок и дека може да влијае и на меѓународната клима и на унапредувањето на тој однос.


Универзитетскиот професор Димитар Мирчев вели дека процесот за решавање на спорот созрева и оти во разговорите за програмата за новата Влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ постои усогласување и ова прашање.

„Така што сум оптимист дека во тие односи на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е дојдено до напредок и дека може да влијае и на меѓународната клима и на унапредувањето на тој однос“, изјави Мирчев

Според професор Мерсел Биљали, пак, тешко е да се поверува дека владините структури кои воопшто немале политичка волја за решавање на овој спор, наеднаш ги приближиле ставовите и ветуваат брзо решение на проблемот.
Не сум сигурен дека ова не е уште една игра пред Самитот на НАТО и можеби се сака да се прати порака дека сепак се конструктивни дека кај другата страна нема политичка волја.


„Не сум сигурен дека ова не е уште една игра пред Самитот на НАТО и можеби се сака да се прати порака дека сепак се конструктивни дека кај другата страна нема политичка волја“, вели Биљали.

Во врска со потребата од вклучување на трета голема сила како посредник меѓу двете засегнати страни, Мирчев е оптимист дека тоа би се случило, особено како што вели по изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел дека Германија сака да соработува со Македонија и оти се надева дека во наредните месеци ќе се реши проблемот за името.

„Многу ме охрабри изјавата на канцеларката Меркел дека и тие може да влијаат. Македонија всушност очекуваше поддршка, која и инаку ја има, но и понепосредно посредување од ЕУ“, вели Мирчев.

Според Биљали, пак, сосема непотребно и нереално е повикувањето на голема сила да се занимава со решавање на нашите проблеми. Нема никакви очекувања дека претстојната посета на посредникот Метју Нимиц ќе донесе некаков прогрес.

„Тоа што Нимиц го прави е чиста рутина, ништо посебно нема од тоа, значи проблемот е многу посложен“, вели Биљали.

Инаку во неодмнешното интервју за нашето радио, Антонио Милошоски изјави дека освен политичка волја кај Македонија и Грција потребна е и политичка волја во Брисел и во Вашингтон за да се реши спорот за името. Тој исто така потврди дека во врска со спорот за името ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ имаа различни сфаќања. Прво, ставот дека конкретни работи за предлозите на Нимиц не треба да се објавуваат во јавноста за да не му наштетат на процесот и проценката дека квалитетот на решението е поважен од брзината со која ќе се дојде до компромис, а на која инсистирала ДУИ.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG