Достапни линкови

Војникот Бергдал се врати во САД


Американскиот војник Боув Бергдал кој пет години мина во заробеништво на талибанците се врати во Соединетите држави. По првичниот престој во болница во Германија тој денеска пристигна на лекарски прегледи во Сан Антонио, Тексас. Бергдал беше ослободен на 31 мај во замена за петмина талибански лидери од затворот во Гуантанамо. Овој потег предизвика големи реакции во американскиот Конгрес. Некои од неговите соборци го обвинуваат Бергдал дека дезертирал.
XS
SM
MD
LG