Достапни линкови

Растат цените на суровата нафта


Цените на суровата нафта бележат пораст, најголем во изминативе 10 месеци. Главна причина за тоа се настаните во Ирак кои би можело да влијаат врз глобалното производство на нафтата. Бунтовниците предводени од групата Исламска држава Ирак и Левант го освоија градот Мосул кој се наоѓа во област што е многу важна за транспорт на ирачката сурова нафта. На Њујоршката берза денеска барел нафта достигна цена од 107 долари.
XS
SM
MD
LG