Достапни линкови

Првиот меч на Мундијалот со неколку историски моменти


За прв пат, прв гол на некој шампионат беше автогол.

Натпреварот со кој беше отворено Светското фудбалско првенство во Бразил меѓу домаќинот и Хрватска донесе неколку историски моменти. За прв пат, прв гол на некој шампионат беше автогол. Го постигна бразилецот Марсело во 11 минута од мечот. За прв пат на едно светско првенство беше користена технологија за утврдување дали топката ја минала гол линијата. Исто така за прв пат судијата користеше спреј за да означи каде треба да стои „живиот ѕид“ или од каде треба да биде изведен слободниот удар. Бразил ја победи Хрватска со 3 спрема 1. Денеска на Мундијалот играат Мексико против Камерун, Шпанија против Холандија и Австралија против Чиле.
XS
SM
MD
LG