Достапни линкови

logo-print

Офанзива на украинските сили во Мариупол


Украинските владини сили, според последните извештаи, го опколиле градот Мариупол кој е под контрола на проруските сепаратисти. Министерот за внатрешни работи Арсен Аваков соопшти дека украинските сили изутрината извршиле напад врз градот. Бунтовници потврдија дека во тек биле борби во кои досега загинале петмина нивни припадници. Во меѓувреме, украинскиот претседател Петро Порошенко телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за да протестира откако Киев соопшти дека три тенкови и други оклопни возила ја минале границата од Русија во источниот дел на Украина.
XS
SM
MD
LG