Достапни линкови

Романец осомничен во САД за хакирање


Романски државјанин е обвинет во Соединетите Американски Држави дека хакирал податоци од сметки на електронска пошта и социјални медиуми.
Поранешниот такси возач е веќе во романски затвор откако беше осуден таму минатата недела на седум години поради исти дела против романските граѓани.
Од одделот за правда во САД одбиваат да дадат коментар на прашањето дали ќе побараат екстрадиција од Романија.
XS
SM
MD
LG