Достапни линкови

Кери го критикуваше Судан за осудувањето на христијанката на смрт


Американскиот државен секретар Џон Кери го критикуваше Судан за казнувањето на жената христијанка поради отпадништво. Во соопштението Кери бара од властите да овозможат таа повторно да биде со својата фамилија и да го повлечат законот со кој се забранува преминување од муслимани во друга религија.
Мериам Ишаг чиј татко е муслиман беше осудена на смрт минатиот месец според исламскиот шеријатски закон. Таа е порасната како ортодоксна христијанка, религијата на нејзината мајка и е мажена за христијанин со кого веќе има 20 месечен син, а на 27 мај во затвор роди уште едно бебе.
XS
SM
MD
LG